Физички напад над продавачка – одземени пари од прометот
12-11-2020 РЕГИОН
Продавачка во кавадаречка продавница синоќа била нападната со нож. Напаѓачот и одзел пари од дневниот промет и побегнал – потврдија од МВР.
Од брзата помош во Кавадарци потврдија дека девојката побарала лекарска помош.
„Девојката имаше повреда на ушната школка, посекотина од два сантиметри“ рече д-р Ратко Грков.
Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.
A.Д

Додади коментар