ФЗОМ: Аплицирајте побрзо за ЕЗК
01-07-2013 МАКЕДОНИЈА
Сите здравствени осигуреници кои во законскиот рок до 30 јуни не успеале да достават барање за издавање на електронски здравствени картички (ЕЗК) да го сторат тоа во најбрз можен рок во подрачните служби на Финдот за здравствено осигурување на Македонија, апелираат од Фондот.
Пенизонерите кои се на возраст над 70 години, како и на изнемоштените лица кои не успеале да поднесат барање за издавање на ЕЗК, ќе може и во наредниот период на бесплатниот телефонски 0800 33 2222 да побараат документите да им бидат превземени од нивните домови.
ФЗОМ како институција е задоволна од одзивот на граѓаните во врска со доставување на барања за ЕЗК. Над 1.200.000 осигурени лица доставиле барања за издавање на ЕЗК.

Додади коментар