Фестивал на шегата „Дедо цепе бурина“ во Кавадарци
06-01-2014 РЕГИОН

По пети пат годинава,  по повод коледе, се одржа фестивалот на шегата “дедо цепе бурина“. Покровител на манифестацијата и годинава беше градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов и советот, а организатор домот на културата.

Кавадачани синоќа на градскиот плоштад уште еднаш ја испочитуваа традицијата. Со песна, вино и ракија го празнуваа коледе. Се кажуваа шеги, а беа избрани и трите најдобри.

Златна коледашка доби екипата на актерот Диме Коцевски од Ваташа “Ваташки ку*одрвци“, Ѓорѓи Лазов за својата шега која ги насмеа кавадарчани доби  сребрена коледашка, а Мики Виденовиќ бронзена коледашка.

На фестивалот на шегата „Дедо цепе бурина“ покрај големиот број кавадарчани присуствуваа и градоначалникот и советници од кавадаречкиот совет.

Од локалната самоуправа рекоа дека оваа манифестација по повод Коледе ќе се одржи и следната година бидејќи е прифатена од граѓаните.

Коледарските огнови синоќа беа распламтени во секое маало во секое населено место.



Share

Додади коментар