Под мотото „Допри го сонцето – откриј ја тајната за почетокот на светот“ во организација на здружението „Тиквешки точкаџии“ на утре и во недела ќе се оддржи првото издание на отворениот фестивал во планински велосипедизам и планинарење низ недопрените предели на Кожув планина, „АлШар 2016“, кој вклучува и посета и запознавање на мистериозниот Алшар.
Според официјалната програма, фестивалот ќе започне во сабота, 11 јуни, за кога се предвидени ревијално мото-крос возење на големата тура „АлШар 2016“, премиерната проекција на кав'даречката народна прикаска „Записи на Ѓаволот од Мајден“, а ќе продолжи со настап на кавадаречки диџеи и рок групи.
Втората фестивалска ден ќе ги донесе и централните настани за првото издание. Во точно 10 часот ќе започнат велосипедските и планинарските тури, од кои две големи и две мали. Големата велосипедска тура ќе се вози на вкупно 52 километри во комбинирани услови, додека малата е речиси двојно пократка, 28 километри. За оние кои пак сакат пешачејќи да ги доживеат убавините на Кожув планина, се предвидени долга планинарска тура во должина од 15 километри и мала од 6 километри.
Покана до сите љубители на природата викендов да бидат гости во Кавадарци и Кожуф упати градоначалникот Александар Панов.
„ Кавадарци ќе биде центар на сите велосипедисти и вљубеници во природата. Известен сум дека патниот правец од Мрежичко кон Рожден ќе биде блокиран за целокупниот патен сообраќај. Движењето во тој регион ќе биде само со велосипед или пеш. Ова е со цел да се направи подобро прифаќање на сите кои ќе дојдат на оваа манифестација.“ рече Панов.
Од организацијата се подготвени за големиот настан. Најавуват над 1000 учесници на оваа манифестација.
„Спремни сме. Има уште некои ситни работи кои ги средуваат екипи на терен. Апел да се внимава на личната безбедност и безбедноста на другите. Ќе има повеќе од 1000 учесници и уште најмалку толку гости. Потребно е да се вози внимателно, а можно е да има одрони на камења. Безбедноста мора да биде на највисоки ниво.
Ќе бидат присутни и околу 250 гости на планинарско спортско друштво “Орле’ ќе бидат исто така дел од „Алшар 2016“. Моторџии ќе има во сабота. Тие рекреативно ќе земаат учество од 14 до 18 часот, а во недела ќе бидат само во придружба доколку има потреба од нивна помош“ нагласија од организациониот одбор.
Додади коментар