Со пласманот помеѓу најдобрите шест, кошаркарскиот клуб Фени Индустри ја оствари првичната цел за тековната сезона, а веќе од сабота со дуелот против Работнички ќе ја започне и суперлигашката трка за влез помеѓу четирите најдобри во лигата.
Иако Работнички сезонава се покажа како незгоден противник, славејќи во двата дуели од регуларниот дел, сепак почетокот на суперлигашкиот дел од првенството е голема мотивација за кошаркарите на кавадаречкиот клуб, пред своите навивачи и верните Лозари кои повторно се враќаат на „истокот“ во Јасмин да го добијат натпреварот со тимот од Градски парк.
Дербито на првото коло од суперлигашкиот дел помеѓу Фени Индустри - Работнички е закажано за во сабота, 28 март со почеток во 18 часот, се вели во соопшението од „Фени“.
Додади коментар