Велешкиот суд денеска донесе одлука за отпочнување стечај во Фени индустри. По барање на Стопанска, Комерцијална и Силк Роуд банка Фени има долгови кои во моментов не може да ги исплати, а има движен и недвижен имот со кој според судот има можност да се обештетат доверителите.
На денешното рочиште судот не ја прифати понудата на бугарската фирма Енекод од 65 милиони евра од кои 29 кон банките. Претходно компанијата на рочиштето побара изземанње на судијката, бидејќи сметале дека е пристрасна затоа што ниту еден нивни предлог досега не усвоила.
Во игра за преземање на ФЕНИ и натаму се повеќе интернационални компании кои може да ги обезбедат побаруваните средства и да приложат банкарска гаранција, како и квалитетен бизнис план за работа на комбинатот со оглед на тоа што долговите кон доверителите ќе се исплаќаат на подолг рок.
Додади коментар