Како и секоја година и оваа година манифестациите „Недела на традицијата“ во Демир Капија, „Недела на виното“ во Неготино и во Кавадарци а по повод празникот Св.Трифун 2018 година во Демир Капија, Неготино и Кавадарци ќе донесе зголемена фреквенција од посетители, зголемена ферквенција од реализиран промет на добра и услуги.
Во таа насока , Управата за јавни приходи соопштува дека во пресрет и за времетраење на овие манифестации ќе се вршат засилени контроли во делот за фискализација и издавање на фискални сметки.
Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето се врши готовински, должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрација на готовинските плаќања, односно сите даночни обврзници се должни уредно и навремено да го регистрираат остварениот промет и да издаваат фискални сметки на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинските плаќања.
Фискална сметка се издава на купувачот на доброто, односно на корисникот на услугата во моментот на предавање и плаќање на доброто, односно на извршување и плаќање на услугата. Исклучок од ова е правило е дилерската трговија кога даночниот обврзник фискалната сметка ја издава на дистрибутерот, кој е должен да ја врачи на купувачот при плаќањето на цената на доброто.
Даночниот обврзник е должен да ја издаде фискалната сметка во пропишана форма и содржина. Сметката која не ги содржи задолжително пропишаните елементи не се смета за фискална сметка.
Купувачот на доброто, односно корисникот на услугата неодложно мора да побара фискална сметка. Фискалната сметка е документ со кој купувачот може да потврди дека соодветното добро го купил од соодветен објект, на датумот отпечатен на сметката.
Доколку продавачот одбие на купувачот да му издаде фискална сметка или продавачот не поседува фискален апарат, веднаш известете ја Управата за јавни приходи на бесплатниот телефонски број 198 или преку интернет со пополнување на е-формулар http://kontaktcentar.ujp.gov.mk. Анонимноста и дискрецијата на јавувачот се обезбедени во целост.
Се апелира сите даночни обврзници да ги почитуваат позитивните законски прописи кои ја регулираат оваа
материја во спротивно овластените лица од Управата за јавни приходи, на лице место при утврдена
неправилност ќе изрекува соодветни казни - се вели во известувањето од УЈП.

Додади коментар