Уште тројца позитивни на Ковид 19 во Демир Капија
28-04-2020 РЕГИОН

Вкупниот број,  заклучно до денеска,  на заразени од Ковид 19 во Демир Капија се искачи на пет лица. Според информациите од Центарот за јавно здравје Кавадарци, денеска се регистрирани уште тројца нови позитивни.

 

„Станува збор за контакти со првите заболени“ - ни потврди епидемиологот д-р Ристе Јовановски од ЦЈЗ Кавадарци.

 

Информациите се дека овие тројца нови позитивни се роднини на првично регистрираните сопружници од Демир Капија.

 

А.Д



Share

Додади коментар