Уште една успешна крводарителска акција
25-07-2013 РЕГИОН

Кавадарчани и жителите од околните населени места денеска доброволно даруваа крв. Акцијата се реализираше во просториите на општинскиот црвен крст, а ја спроведуваше Институтот за транфузиона медицина од Скопје. Дваесетина крвни единици се очекувањата на трансфузиолозите, со оглед дека е период на годишни одмори и работа на поле, но акциите ќе ги има постојано во текот на летото како редовни така и вонредни најавија од Институтот.

Кавадарчани се хумани.Секоја акција е позитивно оценета. Најбројни се секогаш редовните крводарители, но често има и граѓани кој се вбројуваат во редот на прводарители. Денеска немаше случај на граѓанин кој појавил интерес за прв пат да дарува од течноста што живот значи.

M.M



Share

Додади коментар