Уште една масовна акција за пошумување во Кавадарци
28-11-2013 РЕГИОН

На две локации денеска во Кавадарци се садеше багрем и црн бор. Се пошумуваа ерозивни терени кои носат кал и песок во градот, а такви во Кавадарци се „Калница“ и „Мелци“. Стручните лица од областа на шумарството велат дека времето е идеално за акцијата. Иако терените каде се пошумуваше беа калливи и тешко пристапни сепак голем број граѓани, админситративци, ученици па и луѓето од локалната власт „ја садеа својата иднина“.

Претседателот на клубот „Ден на дрвото“ професорот Томе Лисичанец е задоволен од избраните локации. Вели дека со денешната акција ќе се намалт ерозивните налети. Тој повеќе децении се залагал да се пошумуваат ваквите терени.

„ Калница е со нетабилен терен составен од езерски седименти, ако нема вегетација да ја штити подлогата има голема ерозија. Секогаш  од овде потекувале кал и тиња  директно во градот . Со пошумување ќе ја спречиме ерозијата, а новите дрва на градот ќе му обезбедат почист воздух и поздрава средина. На ваков терен се садат т.н пионерски видови. Познато е дека на терен каде не реастело дрво со децении почвата е мртва.  Кај нас најпопуларни од овие видови се багремот и црниот бор. Црниот бор мора да се избегнува од градот, бидејќи тој страда од гасеници. Багремот, пак,  во близина на градот го напаѓа стока која сточарите ја напасуваат. Овој терен во минатото беше целиот со багрем,  сега нема ништо останато. Ги сечат  дрвјата  за колци, за огрев и се е уништено.“ рече професорот Лисичанец.

Во акцијата се вклучија и децата со посебни потребни од Здружението „Порака“. И тие беа радосни што се дел од оваа голема акција и што можат да го дадат својот придонес кон подобрување на квалитетот на  условите за  живот.

Претеничката Весна Пемова исто така им се придружи на граѓаните, учениците и административците. Вели дека е присутна на секоја ваква акција бидејќи  како лекар ја знае полезноста на дрвјата.

„ Убав е денот. Стручницте лица велат дека денот е многу поволен за да се зафатат дрвцата.Напорен е теренот за качување,  но со дружење и муабет  атмосферата е одлична за садење.Порасна свеста кај граѓаните за значењето на дрвата и затоа е широко прифатена акцијата од граѓаните. Единствена е целта, да си помогнеме на самите себе. “ рече Пемова.

Надвор од својот кабинет, со граѓаните денеска беше и градоначалникот Александар Панов. Вели дека со нетрпение ги очекувал ваквите акции за да се вклучи и да го даде придонесот кон почиста животна средина.

„ Долот Калница е е ден од најерозивните кои гравитираат кон градот. Од овде се слева најмногу кал и песок. Ја поздравувам иницијативата на професорот Лицичанец што ја избраа оваа локација и тука треба да се фокусираме повеќе години“ рече Панов.

Неколку илјади нови садници кои со тек на време ќе пораснат во дрвја  ќе го збогатуваат воздухот со кислород, но ќе штитат и од ерозија.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар