Комапнијата „Кожувчанка“ од Кавадарци следејќи ја состојбата со поплавите во Србија и Босна и Херцеговина продолжува со хуманитарната акција за помош на настраданите.
„ Кожувчанка ДОО покрај досегашните 50.000 литри Изворска, испраќа уште 50.000 литри вода, и притоа има голем удел во транспортот на споменатата количина погоре и учествува со 20 % под производната цена на водата за оние кои досега ги купиле производите за хуманитарнири цели. Досега тоа се „Грозд Струмица“ 2 камиони по 25.000 литри, почесниот конзул на Р.Србија во Македонија Сиљан Мицевски-пет камиони по 25.000 литри, градот Скопје 25.000 литри. Целокупната помош која се доставува до загрозените региони на Србија и Босна и Херцеговина до сега е 300.000 литри. Се надеваме дека со нашиот гест ќе дадеме скромна помош на загрозеното население во Србија и Босна и Херцеговина и ќе потикнеме и останати компании од Македонија да се приклучат во акции кои ќе бидат од хуманитарен карактер и ќе придонесат и помогнат на настраданите граѓани во Србија и Босна и Херцеговина“ информираа денеска од компанијата која што беше меѓу првите големи донатори од Македонија за настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.
Додади коментар