Kавадарчани ќе добијат дополнителни 200 метри пешачка патека по кејот на реката Луда Мара. Се продолжи со доизградба и реконстуркција на кејот. Од централната градинка ќе се гради кејот до „Брушанскиот мост“. Денеска градоначалникот Александар Панов беше на терен да согледа како се одвиваат градежните активности.
„ Овој проект беше еден од најпосакуваните и најозборуваните. Се продложува кон Ваташа во должина од 200 метрти до брушанскиот мост. Ќе ни останат уште 300 метри кои ќе се заврашат во наредниот период. Ќе обезбедиме над 400 метри пешачка патека од двете страни на реката Луда Мара и катче за жителите кои живеат во овој дел на градот. Овој проект чини ококу 9 милиони денари. Изведувач е Градба промет. Се надевам дека ќе се искористат временските услови за изградба на минор коритото, а потоа на пролет ќе се продолкжи. Во горниот дел правиме теложник, место каде што ќе се собира целиот отпад и камења за да може тековно да се чиси коритото од нанос. За време на поплавите коритотот беше полно со камење и песок“ рече градоначалникот Панов.
За време на поројни дождови коритото на реката се исполнува со многу вода, а со неговото уредување се скротува и дотокот на вода.
„Последните неколку години Кавадарци има најмали штети од поплави токму покрај реката. Се надевам дека во наредниот период ќе најдеме начин да се продолжи со кејот и до Ваташа. Но претходно треба да се среди ромска населба над брушанскиот мост“ нагласи Панов.
Aнгел Данов
Додади коментар