Училиштата во Кавадарци денеска добија еко контењери за селекција на отпадот. Контењерите се донација на непрофитната компанија Пакомак која одлично соработува со Локаланата самоуправа и има за цел да допринесе за поквалитетно живеење.
Дека ови контењери се чекор кон поголеми еколошки стандарди потврдува и градоначалникот Александар Панов.
Согласно со новиот Закон за управување со пакувањето и со отпадот од пакување, од 10 јануари 2011 Пакомак е првата компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи.11 водечки производствени компании од Макеоднија се нејзини основачи,а меѓу нив е и Кожувчанка Кавадарци.Нејзината мисија еодговорниот однос кон амбалажниот отпад, и минимизирањето негативното влијание врз животната средина со што ќе се овозможи поквалитетен живот за сите.
Милица Младенова

Додади коментар