Еколошка акција за собирање на отпадот денеска во рамки на кампањата Македонија без отпад реализираше и ООУ Гоце Делчев Кавадарци. Вклучени беа учениците од двете смени, а под менторство на своите наставници делуваа еколошки во дворот на училиштето. Инаку предвесник на денешната еко акција во училиштето беа веќе реализираните неколку од едукативен карактер кој во изјавата за ктв ги нагласува педагогот Љубица Лазиќ.
Отпадот кој денеска ќе биде собран од учениците ќе биде селектиран во контењерите за таа намена кој училиштето ги има веќе подолг период. Ќе се селектира хартијата, пластиката и стаклото, а потоа овој отпад ќе оди на рециклажа.За целиот пак процес на рециклирање и значењето на еко средината преку интерактивно предавање учениците учеа со помош на презентацијата реализирана во холот на училиштето.
Повеќе од вредни денеска беа и учениците од ООУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци. И таму за успешна се оценува акцијата за чиста и зелена Македонија без отпад. Се селектираше собраниот отпад од кој основците од ова училиште наполнија неколку тракторски приколици претежно со пастични шишиња кој велат ќе заминат на рециклирање. Се чистеше дворот на училиштето, околината, но внатрешноста.Организирана беше и трибина со предавање за значењето на чистата околина, грижата за неа и значењето на природата. ООУ Тоде Хаџи Тефов доста иновативно ја организираше целата еко акција денеска, а за да истата остане во сеќавање училиштето обезбеди и садници кои учениците ги засадија во посебно изработени еко саксии и ветија дека ќе водат грижа за опстанокот на овие садници кој ќе сведочат за денешниот датум и акцијата Македонија без отпад.Од училиштето дознаваме вклучени во акцијата беа сите ученици, а велат наставниците особено претставниците на еколошката секција ова е само дел од планот за работа на училиштето кое гордо и оправдано го носи епитетот еко училиште за кое пак сведочи зеленото знаме.
Македонија без отпад ја раздвижи денеска и општина Росоман. Околината на Росоман ја чистеа учениците од ОУ Пере Тошев заедно со наставниот кадар и директорката, а во целата акција која се одржува на ниво на Македонија на основците од Росоман им се приклучија и административните работници од Локалната Самоуправа на чело со градоначалникот Стојанче Лазов. Постојано водиме грижа за чиста животна средина, а оваа денеска е само акција плус.
Во континуитет нашето училиште спроведува еколошки акции особено во околината на училиштето и во насока на разубавување на училишниот двор, но денеска и ние како и останатите институции од Македонија се вклучуваме во акцијата Македонија без отпад ни рекоа од ОУ Пере Тошев. Од таму додаваат дека од голема важност е чистата животна средина, за здрав живот, здрава нација и силна младина. Неколку часа траесе еко акцијата за расчистување на отпадот низ општина Росоман, а својот труд максимално го дадоа и учениците и административците и градоначалникот Лазов. Денешната акција треба да не мотивира секој нареден ден совеста за чиста средина да ни е на поголемо ниво.Ако самите не водиме доволно грижа не треба ни д аочекуваме останатите да се грижат повеќе од нас за природата вели градоначалникот Стојанче Лазов. Колку отпад е собран во денешната акција ЈКП Росоман ќе утврдува на крајот од денот.Се собираше отпад во еко вреќи, а истовремено и се селектираше во поставените контењери за хартија и пластика.
Милица Младенова
Додади коментар