Учениците и родителите можат да здивнат - екстерно ќе нема!

Идната министерка за образование и наука, Рената Дескоска најави дека од утре ќе биде укинато екстерното тестирање. Како што изјави Дескоска утре на собраниската седница ќе бидат поднесени три нови закони, од кои еден е токму за екстерното.

 

На прес конференција во Собранието таа рече дека е одблокирана работата на Собранието и е направен е договор за неколку комисии меѓу кои и Комисијата за образование

 

Дескоска се надева дека опозицијата ќе соработува и дополни оти ако е потребно ќе се работи и во сабота и недела. Според нејзините зборови може да се употребат и резервни варијанти (овластување на министерот) за измена на овој закон.



Share

Додади коментар