ООУ„Тошо Велков – Пепето“ Кавадарци, како партнер на Коалицијата на младински организации СЕГА во реализацијата на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија“ учествува со свои ученици на интеркултурната размена во детско село Песталоци , Троген – Швајцарија.
Целта на размената е учесниците да се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурен дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.
Периодот на размената е од 21 септември, до 5 октомври годинава..
Директорката на училиштето Ѓурѓица Алексова ни посочи дека, како партнер училиште на Коалиција СЕГА, вакви размени се предвидени да се организираат и во наредниот период, за да на учениците од училиштето им се овозможи дополнителна едукација, но и проширување на нивните хоризонти преку патувања и дружење со деца од други земји.

Додади коментар