Ученици од гимназијата се едуцираат за општествена одговорност
15-12-2015 РЕГИОН

Учениците од втора година во гимназијата „Добри Даскалов“ учат за општествена одговорност. Тие се дел од проект што се реализира во соработка со „Фени индустри“. По едукациите, учениците ќе можат да учествуваат на конкурсот распишан од „Фени“ за изработка на насловна страна на извештајот за општествена одговорност што компанијата редовно го подготвува.

„ Една од основните задачи на општествено одговорните компании или на општествено зрелите комапнии,  меѓу кои се врбројува и „Фени“,  како лидер во овој сегмент,  е подигањето на свеста за општествена одговорност, концепт кој што ние во изминатите години со бројни иницијативи го реализираме. Оваа година сметаме дека имаме постигнато доволно напредок во тој сегмент, така што сметаме дека можеме да го внесиме и во учлилиштните клупи. Од тие причини почнавме  проект „учиме за општествена одговорност“, заедно со гимназијата „Добри Даскалов“. Покрај презентацијата и едукацијата што ја вршиме за учениците од втора година, во чија наставна програма можевме да го пронајдеме концептот на општествена одговорност  на крај оваа иницијатива ќе резултира со конкурс што ќе го распишиме за изработка на насловна страна на извештајот за општествена одговорност на Фени, што комапнијата го изработува на годишно ниво, затоа што е член на Глобал компакт мрежата при Обединетите нации. Тоа е една од нашите одговорности како членови таму, а со тоа им се овозможува на учениците и една меѓународна промоција, бидејќи изработката на насловната страна ќе се најде на извештајот кој ќе биде објавен на веб страните на ООН, на нашата групација, а како примерок го дистрибуираме до сите наши добавувачи, клиенти и навистина се добива една меѓународна нивна промоција“ рече Менаџерот на Администрација во „Фени“, Борка Петровска.

Задоволна од досегашната соработка помеѓу училиштето и комапнијата „Фени“ и е и директорката на гимназијата, Невенка Поп-Ангелова, која очекува да се постигне поголема свесност за општествена одговорност.

Соработката со Фени иднустри е повеќе години наназад и е на повеќе нивоа. Ние како училиште со учлениците, професорите партиципираме во многу од иницираните активности од Фени ,а  и тие на многу наши активности учествуваат со свои ресурси, на дебати, ги подржуваат некои наши проекти. Нашата соработка е повеќе годишна. Го прифативме овој проект по нивна иницијатива и мислиме дека целите ќе бидат исти. Подигање на воспитната компоненета кај учениците, нивната свесност за општествена одговорност. Со стручниот тим на училиштето мислиме дека е добар иницијативата и понатаму ќе ја продолжиме соработката со оваа фирма“ нагласи Поп-Ангелова.

А.Д



Share

Додади коментар