УХМР: Четврток и петок со температури над 40 степени

Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.

 

Најтопло ќе биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.

 

Утре: Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9



Share

Додади коментар