УХМР: Утре нестабилно со пороен дожд и можност за град

 

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

 

Поизразена нестабилност ќе има за време на викендот, кога локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.

 

Од УХМР за утре околу пладне и попладне прогнозираат нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.

УВ=6   Температура до 29 степени.

 

 



Share

Додади коментар