УХМР: Попладне пороен дожд и грмежи
28-08-2013 МАКЕДОНИЈА
Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека денеска не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час.
Пообилни врнежи повторно ќе има во северните и западните делови на земјава, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен, а не е исклучена ниту можноста за изолирана појава на град.
Во наредните денови ќе преовладува умерено облачно и малку посвежо време, локално со услови за краткотраен дожд.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Додади коментар