УХМР: Попладне и во наредните два дена услови за невреме

Денес попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови.
Утре и во четврток попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град.

 

Утре ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер.  Температура до 30 степени.



Share

Додади коментар