УХМР: Од утре променливо време со услови за дожд, грмежи и град

Под влијание на циклонска активност од утре следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град - информираат од УХМР.



Share

Додади коментар