УХМР: За викендот дожд, од понеделник снег

Од утре до понеделник, претежно во попладневните часови, ќе има врнежи во поголем дел од земјава. Врнежите ќе бидат од дожд со умерен интензитет и на места особено во западните делови ќе бидат пообилни (во недела понекаде над 25л/24часа). На планините во западните делови ќе врне снег.

 

Во Сабота и особено во недела од вечерните часови во планинските западни делови повремен снег ќе има и на повисоките места. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер поизразен во западните делови.

 


Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер.

 

Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.



Share

Додади коментар