Утревечер состанок на лозарите
20-08-2016 РЕГИОН
Регионалниот сојуз на земјоделски производители Агротиквешија ги информира лозаропроизводителите од Кавадарци и околината дека утре вечер со почеток во 20 часот во салата на општинското собрание ќе се одржи собир на лозарите.
Ќе се разговара за годинашнава откупна политика од винариите и за други актуелни прашања поврзани со лозарството.
Иако бербара на винските сорти грозје е на прагот, сеуште не е договорена откупната цена. Визбите тактизираат и годинава.
Се шпекулира дека винариите во земјава годинава ќе откупат далеку помали количини на грозје. Годинашниот род се проценува на околу 180 милиони килограми.
А.Д
Додади коментар