Активностите кои се реализирани во изминатата учебна година и оние кои се планирани за оваа учебна година, а се дел од извештаите и програмите на основните и средни училишта се дел од дваесет и првата редовна седница на советот на општина Кавадарци. Седницата ќе се одржи утре со почеток од 12 часот.
Покрај работењето на образовните институции советниците ќе ги разгледуваат предложените измени на програмата за уредување на градежно земјиште и предлог програмата за одржување на локалните улица и патишта на подрачјето на општина Кавадарци во зимски услови
Исто така советот ќе одлучува и по измените на програмата за разбота во областа на градежното земјиште кое е сопственост на државата, а се наоѓа на просторот на општината. На дневен ред се и точки поврзани со урбанистичко планска документација и измени на програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кавадарци.
Советниците ќе треба да донесат одлука за изменување на времето на одржување на есенскиот панаѓур. Согласно предлогот, панаѓурот треба да се одржува вториот викенд од месец октомври. Ќе се разгледува и извештајот за работа на ЈП Комуналец во периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава, правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места и работни задачи во детската градинка „Рада Поцева“.
А.Д
Додади коментар