Нов асвалтен слој ќе добие улицата „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Откако се создадоа условите со гребење на стариот и оштетен асфалт, изведувачот на работите „Изолација“ од Скопје утре во времето од 9 до 14 часот ќе изврши поставување на порамнителен слој асфалт со кој ќе се потполнат дупките и искривувањата на подлогата. Оваа операција е потрбна за подлогата да биде во можност квалитетно да го прифати завршниот слој на новиот асфалт, информираа денеска од локалната самоуправа.
Поради овие активности ќе има и посебен режим на сообраќај. Улицата „Гоце Делчев“ на потегот од раскрсницата со Булчеварот „Никола Минчев“ (поранешен Моша Пиајде) па до раскрсницата со ул „29 Ноември“ ќе биде затворена за сообраќај.
„Имено Согласно планот за работа на изведувачот предвидено е завршните асфалтерски работи на оваа знашајна сообраќајница која има третман на регионален пат да се изведат на почетокот од идната недела. Општина Кавадарци од Буџетот за оваа намена издвои 4.500.000 денари, пари со кои ќе се реконструираат 3 800м2 од улицата во должина од 400 метри. Претходно на овој потег беа поставени и 250 должни метри на рабници.“ информираа од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.
Општината апелира до граѓаните кои живеат на оваа улица во времето и деновите на изведување на завршните работи да ги отстранат своите возила и друга механизација, со цел непречено и квалитетно одвивање на работите. Се апелира и до сите учесници во сообраќајот да покажат трпение и толеранциоја согласно сообраќајните прописи кои ќе важат за време на изменетиот режим на одвивање на сообраќајот.
А.Д
Додади коментар