Утре ќе заседава советот на општина Кавадарци
30-01-2017 РЕГИОН

Како се реализирал буџетот во четвртиот квартал од минатата година ќе анализираат советниците во кавадаречкиот совет во рамки на 53-та седница закажана за утре. На деневен ред пред советниците е и програмата за работа на советот во тековната година.

 

Советот треба да донесе одлука за делегирање на надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации по програмата за активностите на општина Кавадарци  во областа на културата за 2017 година на правно лице. Ќе се разгледуваат и измените на програмата за изменување  и дополнување на програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кавадарци, програмата за активностите на општината во делот на спортот и програмата за енергетска ефикасност 2016/2018.

 

Советот на утрешната седница треба да донесе одлука за ослободување од плаќање на сметките за вода и комуналии на социјално загрозени семејства, а на дневен ред е и програмата заразвој на ЈП „Јасмин“. Исто така ќе се донесат и одлуки за именување на членови на општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво, а ќе се разгледува и програмата за работа на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од 2017 година.

А.Д



Share

Додади коментар