Утре ќе заседава советот на општина Градско
03-06-2013 РЕГИОН

Советот на Општина Градско утре со почеток од 14 часот ќе ја одржи третата редовна седница. На дневен ред 8 точки меѓу кои и предлог одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Градско за 2013 година.

На утрешната седница советниците ќе расправаат и по предлогот за трајно отстапување на училишната спортска сала на управување и користење на ООУ Даме Груев од Градско, а ќе се прецизира и предлогот за воспоставување на меѓу општинска соработка. Утре советот на Општина Градско ќе одлучува и за формирање на заедничко одделение за енергетска ефикасност, а ќе бидат разгледани и поднесените барања од граѓаните.  

 М.М



Додади коментар