За утре со почеток во 16 часот Советот на општина Неготино ја закажа редовната трета седница.Ќе се расправа по обемен дневен ред и тоа за усвојување на повеќе предлог одлуки како на пример прифакање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Детален урбанистички план за една градежна парцела за кп.8591КО Неготино во о.Неготино,донесување на Урбаанистички план вон населено место, за изградба на сепарирано построение –погон за бетонски префабриканти во м.в.Ливадиште,КО Криволак,плански период (2010-2020година)о.Неготино, утврдување на Нацрт-Локална урбанистичкапланска документација за кп.бр.1336/2 м.б. Врежот КО Пепелиште за објекти од социјална заштита В2, Предлог-одлука за утврдување на Нацрт-Локална урбанистичкапланска документација за лесна индустрија Г2 во мв Мостиште КО Пепелиште.
Советниците на утрешната седница ќе расправаат и по усвојување на Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти , потребата за размена на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија со градежно земјиште во сопственост на Атанас Делов заради изградби на улици,утврдување на цените на услугите на ЈКП Комуналец Неготино спрема о.Неготино согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште за 2013 год.Осма точка од дневниот ред ќе биде Предлог-одлуката за управување со отпадот а потоа ќе се работи и на изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште ,наплакање на водата од паралелниот систем во о.Неготино,плакање на електрична енергија во објектот-спортска сала Младост во Неготино како и во објектот-игрална за деца од предучилишна возраст во с.Црвени брегови.Пред советниците на утрешната седница на расправа ќе се најдат и Програмата за активностите на о.Неготино во областа на социјалната заштита и родова еднаквост во оваа година,одобрување на дел од објектот-Желкова кука во Неготино,Предлог-програма за изменување и дополнување на Буџетот на о.Неготино за 2013година (ребаланс) ,Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на о.Неготино за 2013 год како и Предлог-одлуката за надоместување на трошоците на членовите на Советот на о.Неготино направени во извршување на задачите доверени од Советот.
Б.Н.Т
Додади коментар