Утре ќе заседава кавадаречкиот совет - ќе ја одржи шестата седница
29-01-2018 РЕГИОН

 

Предлог програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња за 2018 е меѓу точките на дневен ред на утрешната шеста седница на кавадаречкиот совет. Советниците ќе ја разгледуваат и ќе одлучуваат и по програмата за управување со отпад и по измените и дополнувањата на програмата за поставување на урбана опрема.

 

На дневен ред се и предлог измените и дополнувањата на одлуката за утврдување на висината на надоместоците што се плаќаат за користење на општинските јавни патишта и измените и дополнувањата на одлуката за општински линиски превоз на патници.

 

Советниците треба да донесат и правилник за одредување на критериумите и условите кои треба да се исполнат за имплементирање на мерките за обезбедување поддршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективно домување.

 

Во рамки на шестата седница ќе се разгледува и годишниот план за вработување на општина Кавадарци за 2018 година и одлуката за давање согласност за електронско водење на седниците на советот.

 

На утрешната седница советниците ќе одлучуваат и по одлуката за резервираните средства за експропријација во буџетот на општината, а ќе се разгледува и извештајот за работењето на општинскиот совет за превенција на град Кавадарци за минатата година и програмата за работа годинава.

 

Во дневниот ред за утрешната седница се предвидени и решението за формирање на совет за јавно здравје, извештајот за активностите на општината во областа на спортот за минатата година и програмата за работење годинава.

 

A.Д



Share

Додади коментар