Утре ќе заседава кавадаречкиот совет
07-07-2016 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци за утре ја закажа редовната 46-та седница. Според предложениот деневен ред, пред советниците се измените и дополнувањата на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци за 2016 и програмата за изработка на урбанистички планови.

 

Ќе се одлучува и по две одлуки од областа на урбанизмот, а пред советниците ќе се најдат и измените и дополнувањата на програмата за поставувае наурбана опрема на подрачјето на општина Кавадарци.

 

На утрешната седница ќе се резгледува и програмата од Здружението на граѓани „Пиволенд“ за организирање на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

 

A.Д



Share

Додади коментар