Утре умерено облачно, од понеделник дожд

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 15°C, а максималните дневни ќе достигнат до 20°C односно до 30°C.

 Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури 6°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°Cодносно до 31°C. 

 Во недела претпладне ќе биде претежно сончево, попладне наоблачување и ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 16°C, а максималните дневни температури од 21°C до 31°C. 

 Од понеделник промена на временската состојба. Следува период на нестабилно време со врнежи од дожд, засилен ветер и осетен пад на температурите. 

http://weather4all.com.mk



Share

Додади коментар