Утре судско рочиште за „Стефанс вајнари“
19-11-2018 РЕГИОН

 

 

 

   Петстотини лозари побаруваат 850 илјади евра за грозје предадено во 2015 година. Бидејќи винаријата во Кавадарци која своевремено беше отворена со германски капитал замина во стечај, утре дел од лозарите ќе заминат за Гостивар, за да присуствуваат на судското рочиште. Вака се одлучи на координативниот  состанок, на кој присуствуваа лозари кои побаруваат финансиски средства за предадениот род.


  Тие 850 илјади евра се однесуваат на основен долг, камати и други трошоци кои лозарите ги направија, барајќи да си ги наплатат тешко заработените пари. Рочиштето е во Гостивар, бидејќи седиштето на компанијата, од Кавадарци беше префрлено таму,  појаснува Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари” од Кавадарци.

 

     Кулев нагласува дека како здружение, во изминатиот период интензивно работат на тоа да ги наплатат сите пари кои производители на грозје ги побаруваат од одделни винарски визби. Станува збор за стари долгови за грозје откупено од пред неколку години.
 

С.Д



Share

Додади коментар