Утре советот на општина Кавадарци ќе ја одржи редовната 26-та седница
26-04-2023 РЕГИОН

Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци за првиот квартал од 2023 година и предлог – ребаланс се пред советниците на кавадаречкиот совет за 26-та редовна седница која се одржи утре.

 

Советот ќе одлучува и по предложената одлука за преземање на основачките права и обврски на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци, измените и дополнувањата на програмите за комунални дејности и за изработка на урбанистички планови.

 

На дневен ред за 26-та седница се и предложената одлука за субвенционирање на јавното претпријатие за вршење на превоз на патници – градски превоз Кавадарци. Од Буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година се планирани финансиски средства во износ од 160.000,00 денари кои ќе бидат наменети за покривање на трошоци за превоз на ранливи категории на лица за обавување лични-општествени активности на територијата на Општина Кавадарци, преку субвенционирање на ЈП,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ .

 

На утрешната седница ќе се одлучува и по одлуката за  примање на ПМВ,,опел мерива“од  Агенцијата за управување со одземен имот и давање на  трајно користење без надомест на ЈП ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ “Кавадарци и по одлуката за одобрување на финансиски средства од буџетот,  за парична награда на ученици и ментори од основни и средни општински училишта за посебни постигнување на државни и меѓународни натпревари.

 

Советот ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените извештаи за животна средина и за управување со отпад и извештаите за спроведување на постапка за избор на идејно решение за подигање спомен обележје -архитектонско дело од монтажен тип и подигање на 12 бисти посветени на ваташките младинци.

 

Меѓу обемниот дневен ред за 26-та седница е и одлуката за утврдување надомест за дадени услуги  од локален вински музеј.

Седницата во живо ќе можете да ја следите и на програмата на КТВ.


А.Д



Share

Додади коментар