46 точки се на дневен ред за утрешната 35-та редовна седница на советот на општина Кавадарци. Советниците ќе одлучуваат по измените и дополнувањата на програмата за јавна чистота, одлуката за кофинансирање и одредување на приоритетен проект „реконструкција на регулирано речно корито на река Луда Мара од мостот Слога до зградите „Силекс“.
На дневен ред е и одлуката за проектот за реконструкција на водоводната линија, одвојување на атмосферската од фекална канализација со комплетно асфалтирање на улица „Клинска“, а ќе се расправа и по правилникот за обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем во општината и за овластените лица за видео надзор.
Советниците ќе одлучуваат и по тарифникот за висината на надоместокот за користење на спортските сали во основните и средните училишта, а ќе се разгледува и програмата за обезбедеување бесплатно користење на лизглалиште на мраз за учениците од основните и средните училишта. Исто така ќе се одлучува и по годишниот план за вработување во општината.

Додади коментар