Утре советот на општина Кавадарци ќе ја одржи 26-та седница
18-02-2015 РЕГИОН

Утре од 12 часот ќе заседава советот на општина Кавадарци. Во рамки на 26-тата седница чиј почеток е закажан од 12 часот на дневен ред се повеќе одлуки кои се однесуваат на работењето на локалната самоуправа.

Советниците треба да се изјавнат по предложените одлуки за определување приоритетен проект за изградба на фекална канализација во селото Бохула и за учество на општината при апликација на овој проект. Советот ќе одлучува и за распределувањето  на финансиски средства наменети за финасирање на проекти и програмски активности за здруженија и фондации, утврдувањето на нацрт – урбанистичкиот план за село Марена за период 2014-2024 година.

Пред советниците се и предлозите за уписна политика за средните општински училишта во Кавадарци, локалната волонтерска стратегија на општина Кавадарци за периодот 2015-2018.

Советот треба да донсе одлука и за одобрување на финансиски средства од буџетот на домот на културата за набавка на столчиња за големата сала, како и одлука со која ќе се утврди потребата од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура и уште неколку други урбанистичко плански документи.

Советниците треба да одобрат и финансиска помош за оштетените од поплавите.

А.Д



Share

Додади коментар