Утре седница на советот на општина Кавадарци
11-03-2015 РЕГИОН

Завршната сметка на буџетот на општина Кавадарци и годишниот извештај за минатата година се дел од дневниот ред на 27 та седница на кавадаречкиот совет закажана за утре. Пред советниците е и кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општината за четвртиот квартал од 2014 година.

Исто така ќе се разгледуваат завршните сметки за минатата година и на образовните и институциите од културата, детската градинка „Рада Поцева“, библиотеката „Феткин“ и на Фондацијата за подршка на мали бизниси.

Советниците треба да одлучат и по предложената одлука за учество на општината  во аплицирањето на проектот  „изградба на дел од главен колектор за отпадни води за град Кавадарци“.

А.Д



Share

Додади коментар