Програмата за работа на зимската служба на општина Кавадарци за 2013/14 и урбанистичко планска документација се дел од точките на дневен ред за осмата седница која ќе започне од 12 часот.
Пред советниците исто така се измените и дополнувањата на програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кавадарци, Програма за енергетска ефикасност на Општина Кавадарци 2013-2015, Предлог – Акционен План за енергетска ефикасност на Општина Кавадарци за 2013 година.
Советниците треба да се изјаснат и по неколкуте предложени одлуки за одобрување на финансиски средства од буџетот на општината. На дневен ред е и работењето на Фондацијата за подршка на Мали бизниси. Ќе се менуваат податоците на основачот, статутот и раководните лица на истата.
А.Д
Додади коментар