Утре редовна седница на кавадаречкиот совет
29-08-2017 РЕГИОН

Советниците во кавадаречкиот совет утре ќе одлучуваат кому ќе биде доделена седмосептемвриската награда. На дневен ред на шеесетата седница е одлуката за доделување на ова највисоко општинско признание по повод денот на ослободувањето на градот, 7 ми септември.

 

Советот ќе именува и претставник на општината во управниот одбор на центарот за социјални работи Кавадарци, а ќе одлучува и за зголемување на бројот на деца по воспитни групи за учебната 2017/18 во ЈОУ детска градинка „Рада Поцева“ и за годишниот план за вработување во градинката.

 

Советниците ќе треба да се изјаснат и по предложената одлука за донација на парични средства од ЈП Комуналец на општина Кавадарци во висина од 300 000 денари за фондот за социјални потреби. На утрешната седница ќе биде продолжено работното време за два часа на угостителските објекти на подрачјето на општина Кавадарци за време на одржување на стопанско туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.

 

A.Д



Share

Додади коментар