Утре осма седница на кавадаречкиот совет
01-03-2018 РЕГИОН
Одлуките за еднострано раскинување на договорот за јавно приватно партнерство за паркирање и за давање согласност за потпишување на спогодба за прекин на договорот за улично осветлување се дел од точките за осмата редовна седница на кавадаречкиот совет.
Советниците ќе одлучуваат и по измените и дополнувањата на програмата за изработка на урбанистички планови во општина Кавадарци за 2018 година и измените и дополнувањата на програмата за комунални дејности.
На дневен ред е одлука за кофинансирање на проект со средства од буџетот и годишниот план за вработување во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ с.Ваташа.
Почетокот на седницата е закажан за утре со почеток во 12 часот.
А.Д
Додади коментар