Утре кавадаречкиот совет ќе ја одржи редовната 59-та седница
10-08-2021 РЕГИОН

Повеќе програми, решенија и одлуки се на дневен ред на 59-та редовна седница која кавадаречкиот совет ќе ја одржи утре со почеток од 12 часот.

 

Советниците ќе го разгледуваат кварталниот извештај за извршување на буџетот во вториот квартал и програмата за стопанско-туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“.

 

На дневен ред е и одлуката за усвојување на елаборатот за проценка на материјална штета од природна непогода – голомразица што го зафати подрачјето  на општина Кавадарци на 8,  9 и 10 април годинава.

 

Ќе се разрешуваат и именуваат претставници на општината во училишните одбори на трите средни училишта, а ќе се одлучува и по измените и дополнувања на правилникот за  систематизација на работните места во ЈП Комуналец.

 

Советот ќе го разгледува извештајот за работењето на ЈП Паркинг за период од 1 јануари до 30 јуни годинава и годишните програми и извештаи за самоевалуација на основните училишта, како и годишниот план  за вработување  на ЈОУ Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци за следната година. 

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар