Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци во четвртиот квартал и годишните сметки за 2017 на општината и на образовните институции и институциите кои се под надлежност на општината се дел од дневниот ред за утрешната девета седница на советот на општина Кавадарци.
Советниците ќе ги разгледуваат и извештаите и програмите за работа на библиотека „Феткин“’, музеј галерија и домот на културата „Иван Мазов Климе“.
Исто така советниците ќе го разгледуваат и развојниот план на детската градинка „Рада Поцева“, одлуката за определување на надоместок и исплата на изборни трошоци на организаторите на кампања за локалните избори 2017.
Советот треба да се изјасни и по одлуката за ставање вон сила на претходната одлука за продолжено работно време на угостителските објекти донесена во мај 2009 година.
Ќе се разрешуваат и именуваат претставници во управните одбори на музеј галерија, библиотека „Феткин“ и дом на култура.
Советниците ќе го разгледуваат и годишниот извештај за работа на ЈП „Јасмин“ како и одлуката за утврдување на висина на бод за исплата на плата на административните службеници вработени во ова јавно претрпијатие, а ќе се одлучува и по барање од Повардарската епархија.
А.Д

Додади коментар