Голем богојавленски водосвет ќе се изврши утре во реката Луда Мара во Кавадарци, на што ќе претходи света литургија во храмот Свети Димитрија. Како што информираа свештените лица, литургијата ќе започне од 8 часот, а во 10.30 ќе биде исвршен водосвет во базенот на црквата.
Потоа, со литија верниците ќе се упатат кон централното место за одбележување на Водици, кејот на реката, каде ќе се изврши богојавленскиот водосвет.
Од оваа година се воведува и една новина. Имено, најсреќниот кој ќе го фати светиот крст од водите на реката, нема да може да ги посетува домовите на кавадарчани. Ваквата одлука е донесена со цел да се заштитат граѓаните од манипулациитем кои група несовесни граѓани ги правела изминатите години.
“Светиот крст кој ќе биде изваден од најсреќниот ќе биде поставен во црквата каде граѓаните ќе можат да се поклонат и да го целуваат, се со единствена цел да запрат манипулациите кои се правеа од несовесни млади луѓе кои гледаа на нечесен начин да соберат пари“ речле старешината на храмот Свети Димитрија, отец Мартин Денески.
Богојавленски водосвет ќе биде извршен и на повеќе локации во кавадаречко, браната во Моклиште, Тиквешкото Езеро, Возарци, но и во Росоман, Градско и Неготино.
А.Д

Додади коментар