Според ЕСПАД истражувањето реализирано во 2012 година во влавниот град на државата се добиени резултати кои покажаа дека 6% ученици на возраст од 16 години воопшто не спортуваат, 6,6% само неколку пати годишно, 12% спортуваат 1-2 пати месечно, еднаш неделно спортуваат 34%, додека секојдневно 41%. Но за разлика од ФА, 78,6% ученици секојдневно користат интернет за забава, а 13,5% барем еднаш неделно.
Кај децата физичката активност го зајакнува срцето и им помага на децата да ја задржат нормалната тежина и крвен притисок, што понатаму ќе влијае да се намали ризикот за срцев и мозочен удар кога ќе пораснат. Децата се природно активни, енергични, но ако не се поттикнуваат на физички активности, може да станат неактивни. Во последно време се повеќе поминуваат време во седење- во училиште, играње видео игри, гледање телевизор, користење интернет.
Видот и количината на физичка активност кај децата се менува со возраста. Физичката активност за децата е забавна, се чувствуваат среќни, кај децата се развива самодовербата, а се подобрува и вниманието и учењето. Физичка актинвост од 60 минути дневно им помага на децата и младите да го подобрат здравјето, учењето, да зајакнат физички, да се забавуваат со пријателите, да бидат посреќни, да им се подобри самодовербата, да ја одржуваат нормалната телесна тежина, да научат нови вештини.
По повод месецот на спротот и на физичката активност утре во Кавадарци во организација на сојузот на училишни спортови на град Кавадарци ќе реализира велосипедска парада со која ќе се испрати порака да се користат велосипедите во секоја можна пригода, да се изостават автомобилите, да се даде поголемо внимание на физичката активност.
„Парадата ќе започне од 11.30 часот на градскиот плоштад, а на истата ќе се приклучат ученици од сите основни и средни училишта од Кавадарци. Исто така ќе се одржи и изложба на велосипеди на која ќе се долови развојот на велосипедите, а за учесниците ќе има богата лотарија.Главната награда е велосипед“ информираше денеска координаторот на оваа активност, професорот по физичка култура Блаже Велков.

Додади коментар