Утре боево гаѓање на Витачево
20-10-2015 РЕГИОН

Од полициска станица од општа надлежност Кавадарци информираат дека утре со почеток од 8 часот во месноста Витач, поточно во непосредна близина на контролната станица на ШС „Бор“ Кавадарци ќе биде спроведено испукување на огнено оружје во вркса со имплементација на Законот за оружје.

 

Се апелира до граѓаните во наведениот период и место да не се движат како не би дошло до несакани последици.



Share

Додади коментар