Утре 22-ра редовна седница на кавадаречкиот совет
29-10-2014 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци утре на дневен ред има мошне значајни теми за работа. Една од нив е паркирањето во градот, воведувањето на зонско паркирање и утврдување на тарифа на цени по зони. Исто така советот треба да донесе одлука за започнување на постапка за доделување на договор  за концесија за паркирање во градот.

 

Ќе се разгледува предложената одлуката за изменување и дополнување на одлуката која ја регулира висината на комуналните такси во општина Кавадарци , а на дневен ред се измени и на одлуката за извршување на буџетот за 2014 година, и неколку одлуки поврзани со урбанистичко планска документација.

 

Исто така советот ќе одлучува за разрешување и именување на членови на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за разрешување и именување на директор на Фондацијата за социјална, здравствена  и културна подршка на граѓаните на општина Кавадарци. Ќе се разгледува статутот на детската градинка „Рада Поцева“, а советниците треба со одлука да го утврдат работното време на вработените во градинката.  Пред советниците во рамки на 22-та седница е извештајот за редовното работење на ЈП „Јасмин“ за првото полугодие од 2014.

A.Д



Share

Додади коментар