Утврдени локациите за лепење плакати за претседателските избори
26-02-2014 РЕГИОН

Општината Кавадарци согласно нејзините законски надлежности превзеде мерки за  утврдување на местата на кои е дозволено да се истакнуваатизборни плакати  со обезбедени еднакви услови за сите учесници во изборната кампања за претседателскитте избори во 2014 година.

Општината ги одреди следните  Локации за поставување на изборните плакати: на градскиот плоштад, во зеленилото  пред кафе бар „Тоскано“ , пред влезот во Подземниот паркинг во зеленило и  во зеленилото на колективна станбена зграда на ул.ЈНА пред „СИМАК„

 

На улицата Илинденска плакати ќе можат да се поставуваат пред кафе баровите „Рома“  и „Тотал“. На кружниот тек кон ул.Илинденска во зеленилото, исто така во зеленилото и кон булеварите Моша Пијаде, „Едвард Кардељ“ и „Кочо Рацин“.  

Пет билборди ќе можат да се поставуваат на постоечките електрични столбови на булеварот Моша Пијаде.

Општината како локации за политичко рекламирање ги одреди и  раскрсница помеѓу Булевар „Моша Пијаде“ и „Западен булевар“,  -  пред „ЅЕНО“ -, пред Мерна станица за мерење на загадување на воздухот , спојот помеѓу влезот на Спортската сала „Јасмин“ и ул.„29 ти Ноември„ по должина на целиот ограден зид на Градскиот базент спрема ул.„Вишешница“ , на ул.„Шишка“пред влезот на општа Болница , во малото паркче спроти полицијата, и во Ваташа спроти црквата  на улицата Страшо Пинџур.

 

Општината ги информира учесниците во изборната кампања дека Утврдените локации за поставување на изборни плакати се без надоместок.

            Општината ќе го изврши обележувањето на местата за поставување на изборните плакати за секој подносител на листи пооделно, по утврдувањето на листата на учесници во изборната кампања.

Обележувањето ќе се изврши рамноправно за сите учесници во изборната кампања.

            Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.

            Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.

            Не се дозволува лепење на изборни плакати на фасади, културно-историски споменици, спомен обележја, бисти, платанови стебла и останати стебла на дрвјата од централно градско подрачје.

            Не се дозволува поставување на изборни плакати на рекламните столбови поставени на подрачјето на Општината за кои општината има односи со деловен партнер.

Организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.

            Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други организатори на изборната кампања е забрането.

            Непридржувањето кон утврдените места и определените  услови повлекува казна за сторен прекршок според казнените одредби од Изборниот законик - Пречистен текст.



Share

Додади коментар