Успешно реализиран проектот „Општо корисна работа“ во Кавадарци
06-04-2017 РЕГИОН

Градоначалникот Александар Панов ги додели сертификатите за одлично завршен работен ангажман на 6 наши сограѓани опфатени со прoектот „Општо корисна работа 2016“. Беа ангажирани невработени лица од ранливи семејства, евидентирани во АВРМ најмалку 1 година.

 

Во период од шест месеци тие работеа на Пружење на елементарна помош и грижа за стари, изнемоштени, лица со оштетен вид, како и инвалидизирани лица кои се сами, немаат никој покрај себе и им е неопходна подршка и помош, која опфаќаше: Набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба.

 

Набавка и достава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални потреби. Плаќање на месечните сметки за струја, телефон, вода и слично, како и во Заедничко дружење со лицата корисници на проектот. За оваа работа добиваа надоместок од 6.200 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување при случај на несреќа при работа, како негователи, помошник за давање на услуги во домашни услови. Вкупно беа опфатени 24 крајни корисници.

 


Панов истакна: „Резултатите се навистина позитивни, бидејќи во постојаниот контакт кој го имавме со корисниците, секогаш кај нив имаше насмевка, задоволство и голема благодарност. Имаме примери и на продолжен ангажман на овие лица од страна на фамилиите од претходните акции“.


Програмата Општинско-корисна работа, која е финансирана од УНДП, има за цел да го унапреди системот за обезбедување на социјални услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Градоначалникот Панов најави дека проектот ќе продолжи и во 2017 година, од Буџетот на општината Кавадарци.



Share

Додади коментар