Успешно обновена документацијата за правата од детска заштита
14-04-2015 РЕГИОН

Заклучно со крајот на март сите корисници на права кои ги прдвидува Законот за детска заштита имаат обврска да ја обноват документацијата за да продолжат да ги остваруваат правата. Во Кавадарци и Росоман речиси сите корисници ја завршиле обврската. За детски додаток барање поднеле 140 корисници, за посебен додаток документацијата ја обновиле 180 кориници, а заклучно со 31 март ќе биде исплатен еднократен надомест за 54 новороденчиња.

 

Директорката на Центарот за социјални работи појанува дека мајките кои користат надомест за трето дете доколку им се пружи шанса за вработување слободно можат да ја користат, бидејќи не се точни шпекулациите доколку мајката се вработи ќе и престане правото за родителски додаток. (повеќе во видео изданието на вестите)

А.Д



Share

Додади коментар