Успешно намалено загадувањето и вечерва во Кавадарци
09-12-2018 РЕГИОН

 

 

И вечерва успешно Кавадарци го намали загадувањето со ПМ10 честички. Екипи на Комуналец и против пожарната единица беа на терен. Се вршеше прскање со вештачки дожд. Ефектот како и синоќа повеќе од задоволителен.

 

Во 19 часот мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваше 229 микрограми на метар кубен. По третирањето со вештачки дожд, во 20 часот нивото на ПМ 10 се спушти на 59 микрограми.

 

 

Градоначалникот Јанчев во телефонска изјава за КТВ нагласи дека секогаш кога нивото на ПМ е над 150 микрограми, а временските услови дозволуваат ќе се прска со вештачки дожд.

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар